Вчеравечер околу 20 часот, на влез во Битола, кај место викано „Дулија“, додека полициски службеник преземал мерки поради случена сообраќајна незгода, физички бил нападнат од учесникот во незгодата Б.Р. (40) од Битола.
Б.Р. е приведен во Полициска станица Битола.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.