сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Хроника

Битолчанец ја пронашол мајка си мртва

Битолчанец ја пронашол мајка си мртва

Шеесет и шест годишната В.А. од Битола синоќа околу 10 минути по полноќ била пронајдена мртва во својот дом на ул.„Сремска Митровица“.

Од полицијата информираат дека од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатрана смрт со видливи изгореници кај лицето, како и во пределот на двете нозе и стомакот.

-Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Битола, при што било констатирано дека нејзиниот син П.В. (25) околу 13 часот на 19.01.2018 год. излегол на работа и се вратил околу 00,10 часот на 20.01.2018 год, кога и ја затекнал својата мајка без знаци на живот на подот во дневната соба, во непосредна близина на кварцната печка. Потоа ја кренал и ја ставил на креветот, по што повикал Итна медицинска помош, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.