петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Хроника

Битолчанец измамен за 200 евра: Му рекол дека е од Центар за социјални работи и да му ги даде сите пари

Битолчанец измамен за 200 евра: Му рекол дека е од Центар за социјални работи и да му ги даде сите пари

Вчера во СВР Битола, Г.П. од Битола пријавила дека истиот ден во 11 часот на улица „Батаљон Стив Наумов“ нејзиниот татко Н.П. (73) од Битола бил измамен од непознато лице.

Според пријавеното, лицето лажно се претставило дека е од Центарот за социјални работи и дека е дојдено за да му помогне да добие домашна нега и дека за тоа треба да му ги даде сите пари што ги има дома. Н.П. му дал 11.000 денари, по што лицето заминало. Подоцна, заклучил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.