петок, 18. септември 2020. Вести денес: 51
home Хроника

Бидете внимателни: Тетовец нарачал мобилен телефон преку интернет, па од картичката му украле над 90.000 денари

Кога по извесно време ја проверил состојбата на сметката, констатирал дека во периодот од 20.11.-27.11.2017, во девет наврати од истата му биле подигнати 90.218 денари.
Бидете внимателни: Тетовец нарачал  мобилен телефон преку интернет, па од картичката му украле над 90.000 денари

30-годишниот Б.А. од село Пирок- тетовско пријавил злоупотреба на неговата платежна картичка од страна на непознати сторители.

На 07.11.2017 година, преку социјална мрежа нарачал мобилен телефон и ги внел личните податоци и бројот на платежната картичка, издадена од една од банките во Тетово.

Кога по извесно време ја проверил состојбата на сметката, констатирал дека во периодот од 20.11.-27.11.2017, во девет наврати од истата му биле подигнати 90.218 денари.

Се работи на целосно расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.

Коронавирус