вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 129
home Хроника

Бидете внимателни: Измама со огревни дрва, ова е тактиката на измамниците

Бидете внимателни: Измама со огревни дрва, ова е тактиката на измамниците

Р.Т.(67) од село Волково вчера попладне пријавила во Полициската станица Ѓорче Петров дека истиот ден околу 12.30 часот непознат сторител ја измамил за 8.000 денари.

-Сторителот дошол до дворот и на неа и нејзиниот сопруг Р.Т. им понудил огревни дрва по цена од 2.500 денари од метар кубен. После тоа, нејзиниот сопруг со сторителот заминале да ги видат дрвата. Кога стигнале, лицето му кажало на Р.Т. да го почека малку и дека бргу ќе се врател, информираат од МВР.

Потоа, лицето отишло кај пријавителката и и кажал дека се договориле со нејзиниот сопруг  и дека треба да му даде 8.000 денари.

Сторителот ги зел парите и заминал, а откако Р.Т. се вратил дома заклучиле дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус