сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 42
home Хроника

Безживотно женско тело пронајдено во охридско

Безживотно женско тело пронајдено во охридско

Беживотно тело на женско лице вчера околу 17 часот било пронајдено во близина на охридското село Горно Коњско.

Според полициското соопштение, телото го забележал припадник на планинарска спасителна служба на Црвен крст од Охрид, на патеката што ги поврзува селото и населбата Лагадин. Случајот веднаш го пријавил до надлежните служби.

Според првичните информации потврдени од полицијата, врз телото на жената чиј идентитет се уште не е објавен, немало видливи траги на насилство.

На местото на настанот излезен е Јавен обвинител по чија наредба денеска ќе биде извршен увид., што ќе ги покаже околностите и причините за настапувањето на смртта.

Коронавирус