четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Бегал од полицијата додека превезувал 19 мигранти, уапсен струмичанец

Бегал од полицијата додека превезувал 19 мигранти, уапсен струмичанец

На 05.12.2019 околу 06:40 часот на магистралниот пат Штип – Велес, кај место викано „Три чешми“, штипско, полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. од Струмица поради тоа што во товарно возило „нисан“ превезувал 19 лица мигранти од Авганистан и Пакистан.

Претходно, В.Г. не застанал на знак за запирање од полициските службеници и се обидел да побегне, но набргу потоа возилото било запрено и В.Г. бил лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус