петок, 24. септември 2021. Вести денес: 120
home Хроника

Барал пари како донација, а злоупотребувал лични податоци

Барал пари како донација, а злоупотребувал лични податоци

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 21.06.2021 на оштетениот Ф.Ф. од Тетово му се јавил негов колега од Кичево и го известил дека пријавениот од два телефонски броја на апликацијата вибер поставил негова лична фотографија и во негово име бара пари како наводна донација поради  несреќен случај, поради што истиот му дал 18.000 денари.

По преземени мерки од полициски службеници во СВР Тетово бил извршен службен разговор со пријавениот, кој го признал делото.

Коронавирус