понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 167
home Хроника

Азилант од Либија нападна вработен во Прифатниот центар затоа што не му ја дал јакната

Пријавителот бил удрен со тупаница во пределот на главата.
Азилант од Либија нападна вработен во Прифатниот центар затоа што не му ја дал јакната

На 28.12.2017 година во 11:00 часот З.Ч. (41), вработен во Прифатниот центар за азиланти во Визбегово, пријавил дека бил нападнат.

Тој пријавил дека истиот ден околу 10:30 часот во ходникот на административната зграда физички бил нападнат од страна на лице барател на азил, евидентиран како М.М. (35) од Либија.

Пријавителот бил удрен со тупаница во пределот на главата.

Причина за нападот било тоа што М.М. ја побарал јакната на З.Ч. и откако овој не му ја дал, физички го нападнал. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус