сабота, 10. јуни 2023. Вести денес: 16
home Хроника

Автомобилот смачкан, делови на сите страни: Овие фотографии покажуваат колку била тешка сообраќајката во Струмица

Автомобилот смачкан, делови на сите страни: Овие фотографии покажуваат колку била тешка сообраќајката во Струмица

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 19 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, едно лице загина, а неколкумина се повредени.

Според очевидци во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина, бегајќи од полицијата најпрвин удриле во едно возило и педесетина метри потоа излетале од патот и се забиле во ѕид. Покрај автомобилот седеа и лежеа неколку лица, најверојатно мигранти.

Порталот Струмица Денес ги објави овие фотографии од несреќата.