четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 139
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ и денес протестира, блокада на три раскрсници, Влада, МНР и министерство за правда

home Хроника

Автомобил удрил во количка со ѓевреци за продажба, нема повредени

Автомобил удрил во количка со ѓевреци за продажба, нема повредени

Возач кој изгубил контрола врз возилото удрил во количка со ѓевреци за продажба денеска околу пладне во Кавадарци, повредени нема.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски потврди за МИА дека полицијата извршила увид на местото нанесреќата.

Според првичните информации, на средовечниот возач најверојатно одненадеж му се слошило, па удрил во количката во строгиот центар на градот. На лице место пристигна и амбулантно возило. Причинета е материјална штета.

На неколку места во Кавадарци, традиционално со години се продаваат познатите кавадаречки ѓевреци.

Коронавирус