вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 53
home Хроника

Автомобил удри во велосипед – маж веднаш однесен на Клиника

Автомобил удри во велосипед – маж веднаш однесен на Клиника

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако автомобил удрил во него додека возел велосипед.

Како што информира МВР, вчера во 19:00 часот на локален пат за с.Пирок, тетовско, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот С.С.Х. од село Пирок удрило во велосипед управуван од 60-годишниот Л.З. село Пирок.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.