сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 77
home Хроника

Автомобил удри во метален столб, две лица повредени

Автомобил удри во метален столб, две лица повредени

Две лица од кои едно потешко се повредени во несреќа кога автомобил „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во метален столб.

Несреќата, информираат од МВР, се случила вчера во 20.20 часот на крстосница од булеварот „Словенија“ и улицата „Качанички Пат“.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Д.(24), а со телесни повреди се здобил возачот С.С.(22) од Скопје и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус