сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил удри малолетна велосипедистка, девојчето со тешки повреди задржано во болница

Автомобил удри малолетна велосипедистка, девојчето со тешки повреди задржано во болница
илустрација

Околу половина час по полноќ, на крстосницата од булеварите „Србија“, „Видое Смилевски -Бато“ и „Јане Сандански“, патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К. (24) од Скопје, удрило во 15-годишна девојка која управувала велосипед.

-Од ударот со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

Коронавирус