среда, 7. јуни 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил прегази девојка во Тетово

Автомобил прегази девојка во Тетово

На 10.06.2020 во 13.30 часот било пријавено дека на кружниот тек од  бул.„Илинденска“ и бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(50) с.Нераште, тетовско, удрило во пешакот А.К.(25) од с.Палатица.

-Во незгодата, А.К. се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.