среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 58
home Хроника

Автомобил излетал од патот во Кичево, две млади момчиња со повредени

Автомобил излетал од патот во Кичево, две млади момчиња со повредени

Од полицијата информираат дека вчера во 02:25 часот било пријавено дека во Кичево  на улицата „Маршал Тито“ патничко моторно возило „Фолксфаген Голф“ управувано од А.Р.(22) од Кичево излетало надвор од коловозот и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот Л.Р.(18) кои биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус