недела, 16. мај 2021. Вести денес: 6
home Хроника

Автомобил излетал од патот Гостивар-Кичево, возачот тешко повреден

Автомобил излетал од патот Гостивар-Кичево, возачот тешко повреден

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера во 12:20 часот се случила на магистралниот пат Гостивар – Кичево.

– Ф.У. (51) од село Зајас, кичевско, управувајќи патничко возило „Застава Темпо“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, преминал на другата страна од коловозот и излетал  во нива. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.У., на кого му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кичево и бил задржан  на лекување, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 

Коронавирус