среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 7
home Хроника

Автомобил излетал од пат, жена тешко повредена

Автомобил излетал од пат, жена тешко повредена

Едно лице се здобило со тешки повреди откако автомобил „Опел астра“ излетал од локалниот пат за кичевското село Грешница.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера во 18:40 часот. Возилото било управувано од 74 годишниот Н.Р.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката З.Р.(75) од с.Грешница, по што била пренесена во Медицинскиот центар во Кичево, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.