петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод, повредени две лица

Автомобил излета од патот Прилеп – Македонски Брод, повредени две лица
илустрација

На 21.10.2020 во 08.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(66) од Скопје, излетало од коловозот.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот С.Т.(74) од Скопје, констатирани од Градската општа болница Прилеп, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

Коронавирус