сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Хроника

Автомобил излета од патот Прилеп – Кавадарци, тешко повреден прилепчанец

Автомобил излета од патот Прилеп – Кавадарци, тешко повреден прилепчанец
илустрација

На 04.12.2020 во 17.30 било пријавено дека на патот Прилеп – Кавадарци, кај каменоломот, патничко возило „форд фиеста“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С.(36) од Прилеп, излетало од патот, информира МВР.

Во незгодата сопатникот од возилото Х.С.(38) од Прилеп се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Коронавирус