четврток, 14. ноември 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил излета од патот Куманово – Крива Паланка, повредени три млади лица

Автомобил излета од патот Куманово – Крива Паланка, повредени три млади лица

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера вечерта се случила на патот Куманово – Крива Паланка.

М.Р.(22) од Куманово, кој управувал патничко возило „пежо’’, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле М.Р. и сопатниците А.С.(22) и А.Д.(23), сите од Куманово, и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.