понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 126
home Хроника

Автомобил излета од пат во битолско, возачот пренесен во болница со тешки повреди

Автомобил излета од пат во битолско, возачот пренесен во болница со тешки повреди

На регионалниот пат Битола – с.Новаци пред с.Логоварди вчера околу 15 часот патничко моторно возило „Хјундаи“ со битолски регистерски таблици управувано од М.К. (49) од Битола излетало од коловозот и се превртело.

-Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус