понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 84
home Хроника

Автомобил излета од пат, тешко повредена тинејџерка

Автомобил излета од пат, тешко повредена тинејџерка
фото илустарција

На 05.05.2021 во 13.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Долна Бањица-с.Митрови Крст, патничко возило „голф“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Е.(28) од с.Долна Бањица, излетало од коловозот, информира МВР.

Во незгодата сопатничката С.А.(18) од Гостивар се здобила со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

ЕУРО 2020

Македонија