На локалниот пат с.Пирок-с.Раковец, патничко возило „форд фиеста“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(49) од с.Камењане, излетало од патот.
Несреќата, информира МВР, се случила вчера во 12:40 часот.
-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ј.С.(41) од с.Пирок, а со телесни повреди се здобиле другите сопатници А.С.(46), А.С.(66) и М.С.(67), сите од с.Пирок, констатирани во Клиничката болница Тетово, истакнуваат од полицијата.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.