понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Хроника

Автомобил излета од пат и се преврте, девојка повредена во несреќата

Автомобил излета од пат и се преврте, девојка повредена во несреќата

Девојка е повредена во сообраќајна несреќа која синоќа се случила на регионалниот пат Штип-Карбинци.

Од МВР информираат дека несреќата се случила во с.Стар Караорман кога патничко моторно возило „Опел Астра“ со штипски регистерски таблици управувано од К.Д. (23) од с.Стар Караорман излеталo надвор од коловозот и удрилo во дрво, а потоа во бетонска ограда и се превртелo.

-По незгодата К.Д. со возило на Итна медицинска помош со повреди била пренесена во Клиничката болница во Штип, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Штип и се работи на целосно расчистување на случајот.

Коронавирус