четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 154
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Хроника

Автомобил излета од автопатот Велес- Скопје и се преврте, едно лице тешко повредено

Автомобил излета од автопатот Велес- Скопје и се преврте, едно лице тешко повредено

Kај приклучокот на автопатот од Велес за Скопје, синоќа околу 19:00 часот, се случила сообраќајна незгода во која возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски броеви управуван од 23-годишниот Т.З. од Гостивар излетало надвор од коловозот и се превртело, при што, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.С (24).

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, повредениот веднаш со возило на Брза помош бил транспортиран во велешката Општа болница.

Поради тешките повреди тој бил упатен на понатамошно лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Коронавирус