вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 106
home Хроника

Автомобил излета на скопска обиколница, повредени четири лица

Автомобил излета на скопска обиколница, повредени четири лица

На 20.09.2020 околу 01.15 часот на автопат кај Северна обиколница на Скопје, помеѓу клучка Стајковци и клучка Арачиново, патничко возило „форд фокус“, со германски национални ознаки, управувано од З.Р.(28) од Охрид излетало од коловозот.

-По незгодата, возачот и сопатниците Д.Р.(30) од с.Лешани, охридско, В.М.(29) и Б.Р.(27), и двајцата од Македонски Брод, биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде кај сопатниците Д.Р., В.М. и Б.Р. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај З.Р. телесни повреди, информира МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Коронавирус