сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 22
home Хроника

Автомобил изгоре на автопатот кај Неготино

Автомобил изгоре на автопатот кај Неготино

Автомобил изгоре на автопатот пред Неготино. Оваа информација за МИА ја потврдија од неготинската противпожарна единица и од СВР Велес.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Иле Илиев појасни дека станува збор за автомобил со гевгелиски регистарски ознаки.

-Веднаш по дојавата, на лице место се упатија две противпожарни возила и тројца пожарникари. На лице место можело да се види дека возилото удрило во дрво и се запалило. За среќа, жената возач успеала навреме да излезе, но се здобила со тешка телесна повреда. Пожарот е локализиран, не се дозволи да се прошири во околината, рече Илиев.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека несреќата се случила на автопатот Демир Капија-Неготино.

Коронавирус