понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 48
home Хроника

Автобус во Штип удри во пешак, почина жена

Автобус во Штип удри во пешак, почина жена

Денеска (11.06) околу 13.10 часот на ул. „Лески“ во Штип автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, а управуван од В.С. (52) од Штип, удрил во пешакот С.А.(74) од Штип. Од ударот С.А. се здобила со тешки телесни повреди и во критична состојба била пренесена во Медицинскиот центар Штип, каде во 14.50 часот починала. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.