четврток, 25. април 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Автобус на ЈСП удри во пешак- со тешки повреди итно пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Автобус на ЈСП удри во пешак- со тешки повреди итно пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“

На 12.03.2019 во 14.15 часот на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје, удрил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје. И.Џ. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.