недела, 23. септември 2018. Вести денес: 65
home Хроника

Автобус на ЈСП насила запрен и каменуван- еве ги деталите

Автобус на ЈСП насила запрен и каменуван- еве ги деталите

Две лица од село Сингелиќ, А.Ј. (18) и 16-годишник, вчера поладне со патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки запреле автобус на ЈСП број 65, што сообраќал од Транспортен центар кон село Стајковци.

Лицата му се испречиле на автобусот додека се движел по улицата „Алија Авдовиќ“. Откако го запреле, излегле од возилото и побарале од возачот да ги отвори вратите. Возачот одбил, по што 16-годишникот со камен скршил едно странично стакло на автобусот.

Од оштетувањето на автобусот, две лица се пожалиле на повреди во пределот на грбот, по што биле упатени на преглед во Градската општа болница.

Случајот е пријавен веднаш. Полициски службеници излегле на местото на настанот и ги привеле лицата. Тие во полициска станица изјавиле дека го запреле автобусот зашто во него се возеле три лица кои претходно нив ги нападнале.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.