сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 90
home Хроника

Артилериска граната уништена во Росоман

Артилериска граната уништена во Росоман

На 16.10.2020 во 14:50 часот во ОВР Кавадарци, Б.З.(54) од Росоман пријавил дека во 14.30 часот, на место викано „Рибаречко“ во Росоман, на брегот од Црна Река, пронашол стара артилериска граната калибар со зрно од 80мм.

На местото излегле претставници на Дирекцијата за заштита и спасување кои издале наредба гранатата да биде уништена на местото, поради ризик при транспорт.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Коронавирус