среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Хроника

Арачиновец со „голф“ удрил полицаец одбивајќи да му се легитимира

Арачиновец со „голф“ удрил полицаец одбивајќи да му се легитимира

Арачиновец со автомобил удрил полицаец, кој го легитимирал за сообраќаен прекршок, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил вчера околу 16 часот на булевар Крсте Мисирков.

Тогаш полициски службеник бил удрен од автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(28) од Арачиново. Имено, при обид на полициски службеници да го легитимираат Ш.М. заради сообраќаен прекршок, тој одбил и со возилото го удрил полицискиот службеник.  Ш.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.