понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 0
home Хроника

Арачиновец изрешетан поради раскината веридба

Арачиновец изрешетан поради раскината веридба

На 23.05.2018 година во 16,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „18“ во с.Арачиново-скопско, И.В. од Арачиново кој управувал патничко моторно возило “Фиат Пунто“, го запрел возилото и со пиштол испукал проектил кон А.С. (31), којшто со возило бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот).

Причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистувањ е на настанот.

Коронавирус