петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 196
home Хроника

Апсење во Тетово, МВР спроведе акција во угостителски објект

Апсење во Тетово, МВР спроведе акција во угостителски објект

На 14/15 09 2018 година во времето од 23:00 до 01:00 часот од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово била спроведена акциска контрола во угостителски објект лоциран на улицата „Страшо Пинџур“ во Тетово.

При контролата во објектот биле затекнати седум женски лица, три странски државјанки (од Србија, Хрватска и Албанија) и четири државјанки на Македонија. Странските државјанки биле приведени во полициска станица и предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Тетово за натамошна постапка.

Во објектот, исто така, биле затекнати и четири албански државјани кои непријавено престојувале на подрачјето на Тетово и биле предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија – Тетово за понатамошна постапка.

Коронавирус