четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 117
home Хроника

Апсење во Градски парк

Апсење во Градски парк

Двајца скопјани се уапсени вчера во Градскиот парк во Скопје.

Од полицијата информираат дека во 13 часот полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје, ги лишиле од слобода Х.П.(21) и Ф.К.(23), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.

-После тоа, со судска наредба бил извршен претрес во домот на Х.П.(21) во населба Радишани, при што била пронајдена и одземена марихуана, семки од марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Локални избори 2021