сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 78
home Хроника

Апсење на скопскиот аеродром, странски државјанин заврши со лисици на рацете

Апсење на скопскиот аеродром, странски државјанин заврши со лисици на рацете

Ноќеска дваесеттина минути по полноќ на Граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“, во придружба на полициски службеници од Италија, како депотрирано лице пристигнал Е.Д.(26) од Скопје.

Бидејќи лицето се наоѓа на листата со мерка „апси“, по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги поради сторено кривично дело „тешка кражба“, тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

 

Коронавирус