недела, 27. септември 2020. Вести денес: 53
home Хроника

Апсење на скопскиот аеродром

Апсење на скопскиот аеродром

С.Р.(43) од Дибар, Р.Албанија вчера во 13 часот е приведен на Граничен премин Аеродром Скопје.

Од МВР информираат дека лицето сакало да излезе од Македонија, а било уапсено поради сомнение за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“.

-При извршениот преглед, кај него била пронајдена британска возачка дозвола, банкарска картичка на име T.P.  и албанската патна исправа. Лицето е приведено за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Коронавирус