петок, 18. септември 2020. Вести денес: 146
home Хроника

Апсење кај Демир Капија, пронајдени 103 мигранти од шест земји

Апсење кај Демир Капија, пронајдени 103 мигранти од шест земји

Полицијата уапсила две лица, а пронашла 103 мигранти вчера во близина на Прждевски споменик, Демир Капија.

Од полицијата информираат дека вчера во 08.50 часот било сопрено „Ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, а веднаш по него и товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки.

-Возачот на товарното возило, А.М.(37) од Липково се дал во бегство, но по кратко бил пронајден. Во товарното возило биле пронајдени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија. Двајцата осомничени биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, информираат од МВР.

Известен бил Јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.

Коронавирус