сабота, 15. август 2020. Вести денес: 0
home Хроника

АПЕЛ ЗА ПОТРАГА: Исчезнат е 34-годишен битолчанец, неговиот брат бара помош

Исчезнат е брат ми Владимир Јончев, има 34 години, висок е околу 195 см, тежок е околу 120 кг, го објавува порталот Бабамбитола апелот од неговиот брат за помош во потрагата.
АПЕЛ ЗА ПОТРАГА: Исчезнат е 34-годишен битолчанец, неговиот брат бара помош

– Крупен е и со црна кратка коса. Облечен е во црни тренерки и црна маица со кратки ракави, а бел натпис на предната страна на маицата и обувките му се црни машки кломпи. Исчезнат е вчера (22.6.2020 г.) на пладне. Прв пат е исчезнат од дома. Живее во Јени Маало на средсело. Ги замолувам моите солидарни сограѓани да фрлат поглед на страна и доколку го видат некаде да се обидат да го задржат и веднаш да ме известат на телефон 071 360 653. Случајот е пријавен во Полиција, но до 24 часа не се презема ништо, па ние сакаме да се тркаме со времето. Последно е забележан околу “Ангромаркет” кај Пазарот. Со почит, Марјан Јончев и Софија Јончева, пишува во апелот за помош.

Коронавирус