сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 99
home Хроника

Апел од полицијата откако охриѓанец бил измамен за околу 1.300 евра

Апел од полицијата откако охриѓанец бил измамен за околу 1.300 евра

Во СВР Охрид вчера вечерта 76-годишен жител на Охрид пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари.

-Според пријавеното, околу 15.00 часот лицето му се јавило на неговиот мобилен телефон и му соопштило дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, според пријавеното, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна. Како што е пријавено, лицето се согласило и за помала сума и по кратко време пријавителот му дал 650 евра и 40.000 денари, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

-Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициската станица, стои во апелот на охридската полиција.

Коронавирус