сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Хроника

Англичанец повреден во сообраќајка во Скопје- возачот избегал

Англичанец повреден во сообраќајка во Скопје- возачот избегал

Пешак од Англија синоќа во Скопје бил удрен од непознато патничко моторно возило кое веднаш по незгодата избегало од местото на настанот.

Како што инфомрира МВР, сообраќајната незгода се случила синоќа околу 1:40 часот на крстосницата од улиците „Јужен Булевар“ и „Јордан Мијалков“ во Скопје.

С. Б.(62) од Англија со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Градската општа болница Св.Наум Охридски, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда.

Се работи на расчистување на случајот.

Коронавирус