вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 108
home Хроника

АМСМ препорачува внимателно да возат тие со соодветни дозволи

АМСМ препорачува внимателно да возат тие со соодветни дозволи

Сообраќајот на државните патишта надвор од градските средини е умерен е со умерен интензитет и се одвива по суви коловози.

За македонски државјани остануваат затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се и сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на Главниот координативен штаб.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус