петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 39
home Хроника

Aлсат-М: Во Тетово пронајден убиен општински службеник

Aлсат-М: Во Тетово пронајден убиен општински службеник

Предмалку во близина на главниот плоштад во Тетово беше пронајдено убиено лицето со иницијали Ф.Т роден во 1962 година, пренесува Алсат- М.

Безживотното тело беше пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син кој веднаш потоа пријавил во полиција.

Убиеното лице е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот беше вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.

На стаклото од автомобилот се пронајдени дупки од огнено оружје, но сеуште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство.

Полициските сили пристигнаа на местото на настанот и целосна истрага ја спроведува тетовското Обвинителството.

Коронавирус