сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 55
home Хроника

Албански државјанин се обидел со 50 евра да поткупи полициски службеник на влез во Македонија

Албански државјанин се обидел со 50 евра да поткупи полициски службеник на влез во Македонија

На граничниот премин Блато, денеска во 13.10 часот на влез во Македонија, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г. (43) од Република Албанија.

При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете.

А.Г. бил предаден на инспектор при Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија -Дебар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Коронавирус