Хроника Без документи за идентификација

Албанец илегално влегол во Македонија и се криел, сега ќе одговара

Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Албанец илегално влегол во Македонија и се криел, сега ќе одговара

На 06.04.2024 во 05:30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта е приведен Н.Х.(43) од Република Албанија.

Тој илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и без документи за идентификација престојувал на подрачјето на селото Велешта.

Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top