вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Хроника

80-годишна баба хоспитализирана во Градска, пијана заработила скршеници по телото

80-годишна баба хоспитализирана во Градска, пијана заработила скршеници по телото

Осумдесет годишна жена со скршеници на телото изминатите денови била хоспитализирана во скопската Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Според информациите на Скопје Инфо бабата била донесена со повреди и скршеници кои биле предизвикани од движење во алкохолозирана состојба.

Од болницата коментираат дека вистинска реткост е пациент во таа возраст да биде хоспитализиран поради повреди настанати од конзумирање алкохол.

По првичните испитувања таа била задржана на понатамошно лекување. Случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.