четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 20
home Хроника

75 годишен дедо со „Југо“ изгубил контрола и удрил во столб- починал на лице место

75 годишен дедо со „Југо“ изгубил контрола и удрил во столб- починал на лице место

На 08.07.2019  околу 19.45 часот на ул.,,Вељко Влаховиќ“ во Берово Ѓ.Р.(75) од Берово, управувајќи патничко возило ,,Југо Корал 55“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб.

Од ударот Ѓ.Р. починал на местото на настанот.

Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, а по наредба на Јавен обвинител  телото на починатиот било предадено на семејството, информираат од МВР.