петок, 4. декември 2020. Вести денес: 43
home Хроника

71 граѓанин не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час- 55 од нив се приведени

71 граѓанин не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час- 55 од нив се приведени

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (25/26.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 71 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 55 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

 

 

 

Коронавирус