четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 77
home Хроника

70 годишен кочанец пукал во сограѓанин, се скарале за наводнување нива

70 годишен кочанец пукал во сограѓанин, се скарале за наводнување нива

Полицијата вчера вечерта го уапсила А.Д.(70) од Кочани, по добиена пријава од Итна медицинска помош од Кочани.

-Околу 19.00 часот, на место викано „Горно Подлошко“, во атар на с.Тркање, кочанско, по претходно нарушен јавен ред и мир околу наводнување на нива, А.Д. со пиштол пукал кон С.И.(49) од Кочани, по чие кажување бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат од него. С.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани, информираат од МВР.

Полициски службеници од А.Д. одзеле пиштол „Застава М70“ кал.7,65мм, празна рамка, куршум и лопата. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициска станица Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коронавирус